• понеделник, 26 август 2024

Јокиќ нема да игра на Светското првенство

Јокиќ нема да игра на Светското првенство

Белград, 23 јули 2023 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс и српскиот репрезентативен центар Никола Јокиќ нема да играат за националниот тим на претстојното Светско првенство во кошарка, соопшти „Mozzart Sport“.

 

На кошаркарот му беше даден долг одмор по сезоната во НБА, но на крајот тој решил да одбие да учествува на Мундобаскет.

 

Светското првенство на ФИБА ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипините од 25 август до 10 септември.

 

Србија во групната фаза ќе се соочи со Кина, Јужен Судан и Порторико. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан