• вторник, 24 декември 2024

Јокиќ израмни рекорд на Меџик Џонсон

Јокиќ израмни рекорд на Меџик Џонсон

Лос Анџелес, 2 декември 2024 (МИА) - Центарот и капитен на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна трипл-дабл на натпреварот со Лос Анџелес клиперс во натпревар одигран рано утрово.

На средбата која ја добија Клиперс со 126:122, 29-годишниот Јокиќ постигна 28 поени, а забележа и 14 скока и 11 асистенции.

Така, српскиот кошаркар го повтори достигнувањето на членот на „Куќата на славните“ Меџик Џонсон со својот 138. трипл-дабл и стана трет во историјата на лигата по овој показател. 

Пред Србинот се само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (200). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан