• среда, 18 декември 2024

Јовески: Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти случајот со Клиниката за онкологија

Јовески: Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти случајот со Клиниката за онкологија

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Продолжи и денеска расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, за конечните извештаи на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески на почетокот на седницата реагира во врска со неговото отсуство од вчерашната седница на Комисијата. Потенцира дека според Деловникот и според законските прописи, тој не би требало да учествува на оваа седница, затоа што, како што рече, ниту се разгледува материјал на Јавното обвинителство, ниту тој материјал е од соодветно значење за Собранието во рамките на кривично-правната област.

 -Ќе реагирам во врска со вчерашната седница на Комисијата затоа што мислам дека непотребно неколку пати како што сум информиран беше прозвано отсуството на јавниот обвинител. Јас можам да ви покажам дека поканата ја добив во 10:30 часот за седницата и покрај тоа што обвинителската администрација штрајкува успеав Собранието навремено да го известам дека спреченоста на присуство на вчерашната седница. Тоа е едниот аспект. Вториот аспект, со оглед на сериозноста на прашањето јавниот обвинител нема никаква намера да се затскрива или да бега од соодветна расправа во Собранието. Јас очекувам претседателот на денешната седница да се издигне на ниво на задачата на сериозноста на прашањето за кое денеска се разговара и денеска навистина ќе се отвори или ќе се дискутира за извештајот на Државниот завод за ревизија. Јас прифатив да учествувам на оваа седница со оглед на тежината, сложеноста, важноста на оваа прашање кое денеска разговара на оваа Комисија. Инаку, според Деловникот и според законските прописи, јас не би требало да учествувам на оваа седница, затоа што ниту се разгледува материјал на Јавното обвинителство, ниту тој материјал е од соодветно значење за Собранието во рамките на кривично-правната област, рече тој.

Според Јовески разгледувањето на овој извештај значи директно мешање на законодавната власт во рамките на Јавното обвинителство.

-Обвинителот и Обвинителството е дефинирано како самостоен државен орган и обвинителот не е монета за поткосурување и јас ве молам во иднина Собранието да посвети соодветно внимание на тоа и да ги разгледува овие прашања од аспект на надлежностите на обвинителот. Ако овој извештај на Државниот завод за ревизија ви е познато дека е составен дел на доказите. Неговото разгледување од кривично-правен аспект значи директно мешање на законодавната власт во рамките на Јавното обвинителство. И на тоа, ве молам, во вашите дискусии, а посебно и во водењето на седницата претседателот на Комисијата да посвети сериозно внимание. Станува збор за навистина еден тежок случај. Станува збор за еден финансиски извештај , впрочем како и сите финансиски извештаи. Не знам колку Собранието досега имало можности, не ја следам таа работа. Таа ги разгледува финансиските извештаи. Тие се високо професионални, високо стручни извештаи и во нив се наведени околностите што се од релевантно значење за ревизискиот дел, но тие не се прават за потребите на Јавното обвинителство. Сите финансиски извештаи , Јавното обвинителство ги разгледува , меѓутоа ги разгледува од аспект на кривичен прогон, од аспект на детектирање на одредени дејствија кои значат елементи на кривично дело и откривање на евентуално сторителите кои ги презеле овие дејствија, рече тој.

Јавниот обвинител информира дека после објавувањето на Извештајот на Државниот завод за ревизија, Обвинителството го проучил, презел одредени дејствија по овој извештај од рамките на неговата надлежност.

-Сакам да ве информирам дека Обвинителството и пред тоа во врска со определени извештаи во определени случувања во Клиниката за онкологија водело соодветни постапки. Ние имаме кривична пријава анонимна во 2017 година за несовесно работење во службата, по кое Обвинителството постапува, го проверило околностите и на 26.2.2018 година пријавата е отфрлена бидејќи се утврдило дека во конкретниот случај нема кривично дело што се гони по службена должност. Исто така, во 2016 година е отворен соодветен предмет во Обвинителството, а потоа во 2012 година имало предмет за злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353 од Кривичниот законик на тогашниот директор на Клиниката, кое што резултирала исто така со решени за откажување на гонење и запирање на истрагата. Во 2016 година повторно е отворен еден предмет во Јавното обвинителство и има и други предмети во рамките на Обвинителството кои се во тек, но дел се во судска постапка и затоа јавноста е информирана со оглед дека судењата се јавни, рече тој.

Јовески информира дека во конкретниот случај, Обвинителство води предистрага за последните случувања во Онкологија. Тоа е еден опсежен предмет во кој се вклучени двајца обвинители, во кој е вклучен целиот истражен центар на ОЈО Скопје, кој што е функционален и конституиран во време во кое јас раководам со јавното обвинителство. Обезбедени се доказите, со намера да се одбегне нивното евентуално исчезнување. 

-Во овој момент, можам да кажам дека е обезбедена обемна компјутерска и друга документација во делот на здравствената состојба на пациентите кои неколку години наназад биле на третман на оваа Клиника и се лекувале. И цела оваа документација подлежи на соодветни проверки, соодветно укрстување и уточнување на овие податоци и секако дека станува збор за илјадници вакви случаи на Обвинителството и на службите кои се компетенти за решавање на вакви случаи им треба значително повеќе време. Сите сили на Обвинителството се концентрирани за забрзување на овие постапки, изјави Јовески. 

Потенцира дека извршени се повеќе распити на пациенти кои биле на лекување во оваа болница.

-Оваа анализа на медицинските досиеја и нивното лекување ќе потрае, бидејќи таа е интердисциплинарна, почнувајќи од тоа како се требувани лековите, како се давани и во кој обем се даван и дали се давани лековите. Од страна на Обвинителството ангажирани се и технички советници. Еден дел од медицинската документација е издвоена со сомненија за лекарска грешка и за нив вештачењето ќе го врши независна институција. Преземена е анализа на целокупното материјалното и финансиско работење на Клиниката во што се вклучени експерти на Државниот завод за ревизија и Фондот за здравствено осигурување, рече тој. 

Тој истакна дека имаат поддршка од МВР – Единицата за финансиски истраги каде што се вклучени повеќе лица од страна на Министертсвото. Посочи дека веќе е остварена комуникација од страна на тројца јавни обвинители со јавни обвинители на Обвинителството во Косово. Обвинителството врши подготовка за да се оствари ваква комуникација и со надлежни обвинители во Обвинителството во Република Албанија. Информира дека паралелно се водат и финансиски истраги во определени лица. 

Јовески порача дека Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти овој случај и да се врати довербата во Клиниката за онкологија.

-Сакам да ја уверам јавноста дека Обвинителството, ќе се пушти и се пушта во целосно расчистување на овој случај . Апсоутно нема ниту еден факт или околност што е релевантна за кривична одговорност ниту да прикрие, ниту да ја толкува на друг начин, освен ако заслужува соодветното лице кривична одговорност. Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти овој случај, да се врати довербата во Клиниката за онкологија за да можат најтешките болни во иднина бидат сигурни дека добиваат терапија согласно потребите на нивното здравје. За првпат за да нема сомнеж ниту во работата на Обвинителството, ниту во работата на обвинителите, ние вклучивме тројца пациенти кои се претставници на лицата кои се лекувале во Клиниката за онкологија , во кои и покрај тоа што согласно законот за одредени информации има забрана јавно да се објавуваат, нив во тој обем во кој може им се соопштуваат овие податоци и со нив и јас сум информиран дека имаме добра соработка , дека луѓето веруваат во работата на Обвинителството, дека тие се свесни за предизвикот во кој се наоѓа и Обвинителството и здравствениот систем и на било кој начин подготвени се на Обвинителството да му помогнат во делот на расчистување на овој случај, рече тој.

Скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија се обелодени иако за него долго време наназад се шпекулираше на втори септември годинава. Ние на новата прва пленарна седница на петти септември предложивме дополна на дневниот ред со две точки на оваа тема. Истите беа изгласани иако со различни ставови и произнесувања, но сепак добија зелено светло, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Таа рече дека точката за разгледување на Извештајот на ДЗР за Клиниката за онкологија се отвори вчера, Анкетната комисија започна со работа на петти октомври, точно по 33 дена од изгласувањето истата да биде дел од дневниот ред на 125-тата пленарна седница.

-Во меѓувреме власта се обиде да ја спласне темава со многу други скандали и настани, а сето тоа време порачувајќи и на опозицијата да не се обидува настанот да го политизира. Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера. И ова не е политизирање на овој грозоморен скандал туку ова е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта, нагласи Стојаноска.

Пратеникот на СДСМ, Диме Велковски порача од овој случај да не се ствари атмосфера дека некој сака да ја попречеува истрагата.

-Не сакам да се направи атмосфера, бидејќи не верувам дека некој сака да направи атмосфера дека некој на попречува истрагата. Напротив, лично и од име на позицијата  инсистираме ова да се истражи до крај. Ниту некој крие, ниту некој брани. Не самак некој да кажува дека да не се чувствуваме виновни виновни или како дел од учесници. Ниту сме виновни, ниту сме соучесници, а ниту опозицијата се виновни и соучесници во делот како пратеници. Да не се направи атмосфера дека некој сака да крие, а некои а некои сакаат побрзо да излезат резултатите. Напротив, како позиција дадовме поддршка за формирање на Анкетната комисија каде што по Деловник се знаат прописите кој, како и што прави Анкетната Комисија. Ова е Комисија за финансирање и буџет каде што дадовме придонес и гласавме дека треба да разгледуваме поединечен извештај кој години наназад не е направено. Го поддржуваме во целост Извештајот на Државниот завод за ревизија, рече тој.фф/аа/

Фото: Принтскрин од видео

 

Остани поврзан