• сабота, 28 декември 2024

Јовески: За дисциплинската за Рускоска треба да се обезбедат докази и да се произнесат засегнатите

Јовески: За дисциплинската за Рускоска треба да се обезбедат докази и да се произнесат засегнатите
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката. -Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Рускоска. По тврдењата на обвинителката Рускоска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јовески рече дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство, туку и во други, имајќи ги предвид состојбите со Ковид-19. -Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите, рече Јовески, кој учествува на тркалезна маса на тема „Превенција и следење на корупцијата во судството“. Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈОГК. ар/лв/

Остани поврзан