• сабота, 28 декември 2024

Јованчев по турнирот во Скопје: Видовме како е да се игра со најдобрите, да се подготвиме најдобро што можеме за ЕП

Јованчев по турнирот во Скопје: Видовме како е да се игра со најдобрите, да се подготвиме најдобро што можеме за ЕП

Скопје, 1 август 2023 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години Александар Јованчев, по турнирот во Скопје има појасна слика за можностите на неговите избраници.

 

- Од  трите одиграни натпревари бевме рамноправен противник само во натпреварот со Израел. Претрпевме високи порази од селекциите на Шпанија и Грција. Добро е што имавме можност да видиме како е да се игра со најдобрите и да научиме каков пристап треба да имаме на Европското првенство доколку сакаме да ја оствариме целта. Се надевам дека до првиот натпревар со Белгија ќе бидеме воиграни и комплетни, изјави Јованчев за сајтот на КФСМ.

 

Европското првенство од Дивизијата „А“ ќе почне на 5 август во Скопје. зс/

Остани поврзан