Јовановиќ: Околу 20 000 деца не посетуваат настава
- Во проектот „стоп против питачење“ за седум месеци отстранети се вкупно 2 160 питачи и чистачи на автомобилски стакла на територија на Град Скопје, вели Илија Јовановиќ од невладината организ
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) – Во проектот „стоп против питачење“ за седум месеци отстранети се вкупно 2 160 питачи и чистачи на автомобилски стакла на територија на Град Скопје, вели Илија Јовановиќ од невладината организација „Градиме иднина“.
Јовановиќ на денешната конференција пред Министерството за труд и социјална политика потенцира дека од 18 500 до 20 000 деца питачи не посетуваат настава. Според него, останува прашањето колку проблемот со питачите и правата на Роимите ќе биде приоритет за институциите.
- Вкупно 27 000 гладни и сиромашни семејства во моментов е состојбата на социјалните семејства. Децата секојдневно ги има на улиците на мала возраст од три до 13 години и тие се под наркотични средства. Барам МТСП и сите Центри за социјални грижи кривично да одговараат за овие последици, стресови и доживеани трауми кај Ромите кои ги немаат нивните права во цела Македонија, изјави Јовановиќ.
Она што е загрижувачки, според него, е дека личните податоци и личните карти на ромската популација биле користени за партиски гласови за време на избори од страна на како што рече „сите политички партии“.
- Секој градоначалник да ја врши својата положба за својот град и општина околу сите маргинализирани категории, порача тој.
Јовановиќ додаде дека органзацијата ќе бара одговорност за наводна злоупотреба на чистачите на автомобилски стакла и питачите.
- Неколку полицииски службеници од полициски станици ги држат чистачите на автомобилските стакла и питачите, питачите постојано се вадат на многу полициски станици дека им дозволуваат да питачат и бришат стакла, а законот вели дека не е дозволено за вршење на оваа дејност, ќе бараме од МВР одговорност и ќе поднесеме известување под кој полициски станици ги поддржуваат да чистат стакла на булевари и раскрсници, и да питачат, изјави Јовановиќ.
Информира дека на барање на организацијата „Градиме иднина“, полициска станица Центар ќе спроведат голема акција за отстранување на питачите на неколку локации.
Како што истакна Јовановиќ проектот „Стоп против питачење“ бил поддржан од ПС Центар, Дежурна полиција од цела држава, ПС Битпазар, Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ОЈО Скопје. свс/сп/