• четврток, 26 декември 2024

ЈКП Нискограба бара битолчани да соработуваат при отстранување на градежен шут

ЈКП Нискограба бара битолчани да соработуваат при отстранување на градежен шут

Битола, 26 октомври 2023 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ информира дека на повеќе локации во градот е затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, и тоа негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.

Општинскиот инспекторат и КЈП Нискоградба интервенираа на затекнатите локации, и апелираат до граѓаните на поголема совесност и отстранување на градежниот шут, согласно правилата за постапување.

- Сите граѓаните кои имаат потреба од оваа услуга, потребно е да се јават во КЈП Нискоградба и да побараат од претпријатието отпадот да биде отстранет. Не е дозволено ниту отстранување на градежен шут со нелиценцирани превозници за оваа дејност, кои понатаму го одлагаат отпадот на локации кои не се предвидени за таа намена, со што се создаваат диви депонии. Доколку, граѓани, забележат фрлање на градежен шут на одредени локации, потребно е да пријават во општинскиот инспекторат, соопштија од ЈКП Нискоградба-Битола. мт/ир

 

Фото: ЈКП Нискоградба-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан