• четврток, 26 декември 2024

ЈКП „Илинден“ со ново возило за комунален отпад

ЈКП „Илинден“ со ново возило за комунален отпад

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Илинден“ од општина Илинден има ново специјално возило за собирање на комунален отпад со капацитет од седум метри кубни.

Како што информира општина Илинден, ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места. Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, а ова е трето набавено возило за период од 12 месеци. До крајот на оваа календарска година следува набавка на нова полуприколка за транспорт на отпад со капацитет од 45 метри кубни.

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Посочи дека со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши јавното претпријатие и најави дека ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“ ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените. мд/са/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан