• недела, 28 јули 2024

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ упати јавна благодарност до македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ упати јавна благодарност до македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров
Скопје, 30 април 2020 (МИА) - ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје денеска доби донација „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров. -Од здравствените работници и вработените во болницата, кои во овие моменти го даваат својот максимум во справување и лекувањето на пациентите од Ковид – 19, изразуваат голема благодарност до македонските иноватори кои го донираа својот изум на болницата, велат од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје.  ир/

Остани поврзан