• вторник, 24 декември 2024

Јетон Бучи од ДУИ е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Јетон Бучи од ДУИ е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“. 

Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија.

-За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува во Фејсбук страната на ДУИ.

Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.

-Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се додава во соопштението.фф/дма/

Фото: ФБ на Јетон Бучи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан