• сабота, 23 ноември 2024

Јелен: САД се стремат кон конструктивни односи со Кина, засновани на јасност, чесност и трезвена анализа на фактите

Јелен: САД се стремат кон конструктивни односи со Кина, засновани на јасност, чесност и трезвена анализа на фактите

Вашингтон, 20 април 2023 (МИА) - САД се стремат кон „конструктивни и праведни“ економски односи со Кина, но ќе ја бранат својата национална безбедност и ќе се спротивстават на обидите на Кина да ја истисне конкуренцијата, изјави денеска министерката за финансии на САД, Џанет Јелен.

Во настап денеска на Факултетот за напредни меѓународни студии при Универзитет Џон Хопкинс, Јелен раскажа за главните цели на администрацијата на Бајден за она што таа го нарече „најважните“ економски односи меѓу двете најголеми економии во светот.

Кина води конфронтациска позиција во однос на САД и сојузниците.

-Нашите односи очигледно поминуваат низ тензичен момент. Мојата цел е да се сочува јасност и чесност, да се фокусираме на главното и да ги поддржуваме тие важни односи базирано на трезвена анализа на факти, изјави Јелен.

Таа рече дека планира да го посети Пекинг „во соодветен момент“ со цел „одговорно“ развивање на односите. Од министерството не соопштија за можните датуми на таа посета.

Јелен истакна дека растечкото влијание на Кина одговара на интересите на двете страни, само ако Пекинг ги почитува глобалните правила. кб/

Фото: МИА архива

Остани поврзан