• среда, 20 ноември 2024

Јелен: САД преговараат со европските земји за ограничување на приходите на Русија од нафтата

Јелен: САД преговараат со европските земји за ограничување на приходите на Русија од нафтата
Вашингтон, 7 јуни 2022 (МИА) - Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД учествуваат во „многу активни“ преговори со европските земји за дополнителни начини за намалување на приходите на Русија од нафтата. Таа на седницата на Комитетот за финансии на американскиот Сенат рече дека руските приходи од нафта треба да се ограничат, а притоа да се задржи приливот на светскиот пазар, за цената да не се зголеми нагло и да предизвика глобална рецесија. Според неа, има неколку начини за тоа, а еден од нив е да се обединат клиентите и тие да ја одредат максималната цена што би и ја платиле на Москва. Јелен додаде дека е „практично невозможно“ САД да се изолираат од шокови на нафтениот пазар и затоа е важно да се префрлат на користење на обновливи извори на енергија. зш/

Остани поврзан