• недела, 24 ноември 2024

Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени
Вашингтон, 23 јули 2021 (МИА) - Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. 
Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека Јелен, претставникот за клима во Белата куќа Џон Кери и лидерите на големите развојни банки разговарале за начините за „максимизирање“ на приватниот капитал за финансирање на борбата против климатските промени и да се преиспитаат внатрешните стимулации и практики на банките за таа цел.
„Јелен ги охрабри да се фокусираат на адаптацијата на климата, особено преку операции во приватниот сектор и да ги поддржат земјите во развој во спроведувањето амбициозни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови и заштита на критичните екосистеми“, се наведува во соопштението.
Американската министерка повторно ќе ја состави групата „да разговара за нивните конкретни планови во октомври“ на маргините на годишните состаноци на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.
На состанокот присуствуваа организации од Групацијата на Светска банка, Африканската банка за развој, Азиската банка за развој, Европската банка за обнова и развој и Интер-американската банка за развој. паг/
 

Остани поврзан