• сабота, 23 ноември 2024

Јаху Њуз: Поранешен руски инжињер на воениот бомбардер Ту-160 бара политички азил во САД 

Јаху Њуз: Поранешен руски инжињер на воениот бомбардер Ту-160 бара политички азил во САД 

 

 Вашингтон, 14 февруари 2023 (МИА) Инжињер кој работел во производство на стратешките руски бомбардери Ту-160 заедно со неговото семејство неодамна побарал политички азил во САД, дознава Јаху Њуз, повикувајќи се на извештај добиен од Царинската служба и пограничната контрола на САД. 

Специјалистот ја проеминал југозападната граница на САД од Мексико во декември 2022 година во брониран џип. На американските власти им кажал дека учествувал во протестите за подршка на Алексај Навални, и дека се плаши поради тоа да биде гонет од властите во Русија. Потоа тој укажал дека работел во фабрика за конструкција на воени авиони и дека поседува инфорации кои би биле од голем интерес за американските власти. 

Според инжињерот, од 2018 до 2021 година тој бил вклучен во конструкцијата на бомбардерот Ту-160 во авиациското претпријатие именувано во чест на С. П. Горбунов во Казан на компанијата „Туполев“. 

Министерството за внатрешна безбедност и пограничните служби на САД ги проверувале информациите предадени од лицето десеттина денови и околи 11 јануари се согласиле дека тој заслужува доверба и дека неговите податоци може да се во интерес на земјата. 

Според соговорници на Јаху Њуз, Ту-160 Бел Лебед, од НАТО означуван и како „Блекџек“, е најнапредното летало во руската ескадрила на воени авиони, и бил употребуван во тактичка улога во војната во Украина. 

На сајтот на компанијата „Туполев“ се вели дека Ту-160 „е најголемиот суперсоничен авион во историјата на воената авијација и воздухоплов со променлива геометрија на крилата, како и најтешкиот воен авион во светот, со максимална полетна маса“. 

Повикуавајќи се на свои извори во военото разузнавање на САД, Јаху Њуз соопшти дека потенцијално инжињерот може да поседува мошне ценети информации. Пред сѐ воените службеници би биле заинтересирани дали авионот бил модернизиран за суперсонични ракети додека лицето работело на претпријатието. 

Јаху Њуз укажува дека е невообичаено пограничната служба на САД да пропушти извештај со име и презиме на лицата од интерес, и дека најверојатно е направена грешка. Гласилото укажа дека нема да го објави името на рускиот инжињер поради опасност по неговата лична безбедност бидејќи Русија е „странски непријател кои ги труетурка од прозор или на друг начин ги убива дезертерите“.  кб/ 

Остани поврзан