• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јаревски: Народот има само 2 отсто доверба во судството, потребни се реформи

Јаревски: Народот има само 2 отсто доверба во судството, потребни се реформи

Скопје, 12 март 2025 

Додека Иџет Мемети е член на Советот на ЈО го избира сопствениот зетот за обвинител во Гостивар, затоа е потребен ремонт.

Целиот правосуден систем е метастазиран со пипците на СДС и ДУИ.

Иџет Мемети е членот на Советот на јавни обвинители, кој заедно со десната рака на Заев, Наќе Георгиев зема поткуп за да влијае врз судии и обвинители со цел намалување на казната на Боро Марлборо.

Затоа за ќерка на истиот тој Иџет Мемети додека е на позиција член на Совет на јавни обвинители станува Јавен обвинител во Гостивар, станува збор за Илир Јакупи.

Ќерката на Иџет Мемети, Леонора Јакупи, сега станува судија во судот во Гостивар.

Во истиот суд, сопругата е судија, сопругот обвинител, а таткото сива еминенција во судството во државата со амин на СДС и ДУИ.

Заради овие испреплетени врски народот има само 2% доверба во судството. Со ова судство и обвинителство народот се мачи додека да истера правда.

Потребни се коренити реформи на сите нивоа.

Интерпелацијата на Судскиот совет мора да биде само почеток.

 

Изјава за медиуми на Тони Јаревски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан