• четврток, 26 декември 2024

Јаревски: Набавени машини за бележење патишта и до 100 пати поскапо од реалното, очекуваме брза реакција на ЈО

Јаревски: Набавени машини за бележење патишта и до 100 пати поскапо од реалното, очекуваме брза реакција на ЈО

17 јануари 2024 

Почитувани,

24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврди дека може да се набават молк од ЈО.

Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 илјади евра, за кои самите велат дека може да се купат за 2 до 3 илјади евра.

Функционерите на власта, во конкретниов случај директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра.

Доколку тврдењето на СДС дека истите машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба.

Недозволиво е институциите да молчат кога и самата СДС тврди дека машини за бележење на пат какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2 до 3 илјади.

Очекуваме брза реакција на ЈО, но и одговор од директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, како и градоначалниците на Струмица и Центар, каде завршила разликата од реалната набавна цена од 2 до 3 илјади евра и таа што тие ја платиле?

Додека народот едвај врзува крај со крај, функционерите на СДС купуваат машини за бележење патишта и до 100 пати поскапо од реалното. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан