• сабота, 27 јули 2024

Јаревски: ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи

Јаревски: ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи

16 јули 2024

ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи.

Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи.

Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот.

Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?

ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка.

Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.

Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети.

Одговорност мора да има.


Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=D819uXelP24
https://we.tl/t-cviwLf18e0
 

Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан