• четврток, 26 декември 2024

Јаревски: Дали власта планира продажба на МЕПСО

Јаревски: Дали власта планира продажба на МЕПСО

Скопје, 21 октомври 2023 

Веќе втор ден како Владата се крие од јавноста, во врска со последните информации кои доаѓаат од Грција, дека се заинтересирани за купување на МЕПСО.

Освен штурото соопштение на МЕПСО, каде не соопштија ништо околу информациите и потврдија дека за ваков чекор решава Владата, оправдано се појавуваат сомнежи и загриженост кај македонските граѓани.

За потсетување, на сличен начин во 2006-та година, исто и како сега, неколку месеци пред катастрофалниот изборен пораз, СДСM и ДУИ, против волјата на народот, ја продадоа ЕВН - капитален државен ресурс.

Овој чекор низ годините, многупати се покажа како негативен за државните интереси и за стандардот на граѓаните.

Ја прашуваме Владата, предводена од ДУИ и СДСM:

- Дали се точни информациите дека планираат продажба на МЕПСО?

- Дали се свесни дека со ова Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел, од друга странска држава?

- Зошто ова се прави во целосна тајност, непосредно пред избори каде повторно, исто како и во 2006 година, се свесни за изборниот потоп кој ги чека?

- Дали е ова уште еден класичен пример за корупција, како многу кои ги видовме низ годините, случај на „бонбона бизнис“ и провизии за поединци во државниот врв?

- Дали знаат дека додека секојдневно зборуваат за ЕУ, НАТО и Америка, со овој чекор 24% од македонскиот енергетски систем, би припаднал, во сопственост на кинеска државна компанија?

Почитувани,

На целокупната македонска јавност и е јасно како бел ден, дека СДСM и ДУИ ги интересира само криминал, наместени тендери и провизии.

Веќе нема дно кое не се спремни да го пробијат за нивниот личен профит.

Спремни се да распродадат се, сите државни добра, сите национални интереси, сите можни ресурси, ама баш СЕ за некој милион повеќе.

Ова нема да им помине!

На наредните избори народот ќе ги казни и порази!

Одговорност ќе има!

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан