• среда, 25 декември 2024

Јаревски: Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани?

Јаревски: Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани?

Скопје, 21 август 2024

Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото?

Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?

Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје.

Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.

За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир?

Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот?

СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ?

Почитувани,

Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите  треба да постапат и тој да биде разрешен.

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан