• четврток, 26 декември 2024

Јапонското јаболко делотворно против стареењето

Јапонското јаболко делотворно против стареењето

Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Дојде сезоната на јапонските јаболка, кои во светот се познати и под името „каки јаболка". Ова овошје потекнува од Азија, па во Кина се користи како лековит плод веќе над 2.000 години.

На овие простори, ова портокалово или црвено-кафеаво овошно дрво можеби не е толку познато, но плодовите не само што се слатко и вкусно задоволство, туку имаат и многу здравствени придобивки. Меѓу нив се делотворноста за здравјето на очите, спречување разни видови рак, подобрување на варењето, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на холестеролот, зајакнување на коските и намалување на крвниот притисок. Јапонските јаболка може да му помогнат на телото и за побрзо заздравување, во губењето тежина, при намалување на воспаленијата и за подобар крвоток. Тоа е богато со бројни витамини, особено со витамин А, бета-каротен, лутеин, ликопен и криптоксантин. Овие витамини се делотворни против брчки, старечки дамки, Алцхајмерова болест, замор, губење на видот, мускулна слабост и голем број други состојби на стареењето. Јапонските јаболка може да се јадат свежи, сушени, сурови или варени, што го менува вкусот, но битно е што се слатки и меки. Ако целосно созрее, мекиот дел од плодот се вади и со лажица. Една „каки“ јаболкница дава до 200 килограми плод.  си/паг/

Остани поврзан