• сабота, 23 ноември 2024

Јапонски компании обвинети за финансиски малверзации поврзани со ОИ во Токио

Јапонски компании обвинети за финансиски малверзации поврзани со ОИ во Токио

Токио, 28 февруари 2023 (МИА) – Скандалот со наместени понуди поврзани со летните Олимписки игри (ОИ) кои во 2021 година се одржаа во Токио доби пошироки размери денеска, откако токиското Обвинителство поведе обвиненија против јапонскиот рекламен гигант Dentsu и неколку други големи компании.

Раководители и менаџери на тие компании, како и претставник во Организацискиот комитет на ОИ во Токио, се обвинети за кршење на антимонополските закони.

Датум на судењето дополнително ќе биде утврден.

Обвиненијата се однесуваат на компаниите Dentsu, Hakuhodo, Tokio Agency и Cerespo, кои се занимаваат со организација на настани, промоција на спортски активности и маркетинг.

Компанијата Dentsu беше најзаслужна кога Токио во 2013 година ја доби организацијата на ОИ.

Независно од јапонските истраги, француското обвинителство ги истражува наводите дека поедини членови на Меѓународниот олимписки комитет можеби примиле поткуп кога го дале својот глас за кандидатурата на Токио. ег/ссм/

Остани поврзан