Јапонскиот премиер Кишида ќе одржи министерски состанок за отворањето на нуклеарната централа Тепко
- Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека надлежните министри ќе се сретнат идната недела за да разговараат за чекорите неопходни за добивање локално одобрение за повторно отворање на нуклеарната централа Тепко.
Токио, 27 август 2024 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека надлежните министри ќе се сретнат идната недела за да разговараат за чекорите неопходни за добивање локално одобрение за повторно отворање на нуклеарната централа Тепко.
Во декември минатата година, националното регулаторно тело за нуклеарна енергија ја укина забраната за работа на оваа нуклеарка воведена во 2021 година поради непочитување на безбедносни прекршувања, пренесуваат агенциите.
Сега на таа нуклеарна електрана и е потребна локална дозвола за повторно да почне да работи. рп/
Фото: ЕПА