• сабота, 23 ноември 2024

Јапонскиот премиер Кишида на трилатерална средба со кинескиот премиер Ли и јужнокорејскиот претседател Јун

Јапонскиот премиер Кишида на трилатерална средба со кинескиот премиер Ли и јужнокорејскиот претседател Јун

Токио, 25 мај 2024 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска во Сеул ќе се сретне со кинескиот премиер Ли Кианг, јави НХК, повикувајќи се на јапонската Влада.

На состанокот, Кишида планира меѓу другите теми да го покрене и прашањето за забраната на Кина за увоз на јапонски морски плодови, како и мирното решавање на прашањата поврзани со Тајван, пишува јапонското издание.

Јапонскиот премиер сака да ја потврди намерата на двете земји да промовираат „заемно корисни односи засновани на заеднички стратешки интереси“, се додава.

Кишида денеска ќе замине за Сеул за да учествува на трилатерална средба со кинескиот премиер Ли Кианг и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол во понеделник. Ова ќе биде прва средба на лидерите на трите земји по четири и пол години. 

Претходно Кишида ќе одржи и билатерална средба со Јун, јавија јапонските медиуми. Двајцата најверојатно ќе се договорат за поблиска комуникација меѓу нивните високи функционери и министри.

Двајцата лидери, исто така, се очекува да бараат зголемена соработка за Северна Кореја, која го забрзува развојот на нејзиното нуклеарно и ракетно оружје. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан