• среда, 25 декември 2024

Јапонскиот премиер го разреши својот син од секретарската функција поради недолично однесување

Јапонскиот премиер го разреши својот син од секретарската функција поради недолично однесување

Токио, 29 мај 2023 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека го отпуштил својот син од функцијата секретар поради „недолично однесување“ во официјалната резиденција.

Одлуката дојде откако еден магазин објави дека Шотаро Кишида поканил пријатели на забава во официјалната резиденција на премиерот минатата година.

„Неговото однесување во јавноста минатата година беше несоодветно за политички секретар и решивме да го смениме“, изјави Кишида додавајќи дека оставката ќе стапи на сила на 1 јуни.

Премиерот веќе наиде на критики за односот на неговиот син, кој на патувањата низ Европа со службени автомобили им купувач сувенири на министрите.

Кишида изгуби четворица министри за три месеци поради наводите за финансиски неправилности или врски со контроверзната секта „Мун“, позната и како Црква на обединување. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан