• среда, 25 декември 2024

Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина

Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина

Киев, 9 септември 2023 (МИА) - Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши денеска пристигна во ненајавена посета на Украина. Тој е придружуван од директори од јапонски компании, меѓу кои и Хироши Микитани, основач и извршен директор на Групацијата Ракутен.

Како што соопшти јапонското МНР, Хајаши со украинскиот претседател Володимир Зеленски се разговарал за безбедносните гаранции и соработката во обновата на украинската економија.

На средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба, Хајаши ја повтори силната поддршка на Јапонија за Украина и итноста за ставање крај на руската инвазија со помош на меѓународната заедница.

На почетокот на следната година Јапонија планира да организира состанок на тема обнова на Украина.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше во ненадејна посета на Киев во март, при што се сретна со Зеленски. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан