• недела, 24 ноември 2024

Јапонија ќе испушта радиоактивна вода во Пацификот

Јапонија ќе испушта радиоактивна вода во Пацификот

Токио, 4 јули 2023 (МИА) - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), тело на Обединетите нации, денеска и даде зелено светло на Јапонија да испушти ниско ниво на радиоактивна отпадна вода од скршената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан. МААЕ тврди дека науката не ја оправдува загриженоста на граѓаните, пишува „Волстрит Журнал“.

Тие додаваат дека јапонскиот план е безбеден и во согласност со сличните испуштања што ги спроведуваат земјите во светот. Кинеската влада и јужнокорејските риболовни групи се меѓу оние кои протестираат против планот, кој Јапонија рече дека сака да го спроведе ова лето.

„Океанот е општо добро на човештвото, а не приватната канализација на Јапонија“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска во Токио лично му го достави финалниот извештај кој го поддржува планот на јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Земјотрес и цунами ја исклучија струјата во централата Фукушима на 11 март 2011 година. Откако беше обновена електричната енергија неколку дена подоцна, Јапонија пумпа вода за да ги лади јадрата на реакторот. Таа вода, како и некои подземни води на локацијата, се контаминирани со радијација. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан