• среда, 27 ноември 2024

Јапонија ја повлече својата апликација за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2023 година

Јапонија ја повлече својата апликација за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2023 година
Токио, 22 јуни 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Јапонија ја повлече кандидатурата за организација на женскиот фудбалски Мундијал во 2023 година. Одлуката е под влијание на ситуацијата со пандемијата на коронавирус. Според првичниот план, натпреварите во Јапонија требаше да се одржат во неколку големи градови, вклучувајќи ги Токио, Осака и Кјото. ФИФА ќе го избере местото за женско СП 2023 година на 25 јуни. Во игра за домаќин на планетарниот собир останаа Колумбија и Австралија со Нов Зеланд кои поднесоа и заедничка апликација. Турнирот во 2023 година ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 32 женски репрезентации. зс/    

Остани поврзан