• сабота, 23 ноември 2024

Јапонија со шест златни медали најуспешна по третиот ден на Олимпијадата во Париз

Јапонија со шест златни медали најуспешна по третиот ден на Олимпијадата во Париз

Париз, 30 јули 2024 (МИА) – Натпреварувачите од Јапонија освоија шест злата по третиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз и се лидери во поредокот на медалисти.

По пет златни медали имаат Франција, Кина, Австралија и Кореја.

САД имаат три, додека по две злата досега освоија Велика Британија, Италија, Канада, Хонгконг и Германија.

Со по едно злато се закитија олимпијците од Казахстан, ЈАР, Белгија, Азербејџан, Романија и Узбекистан.

Вкупно 36 држави имаат освоено барем по еден медал, Американците најмногу – 20.

Во текот на денешниот ден ќе бидат поделени 11 комплети медали во осум спортови.

Олимписките игри ќе траат до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан