• сабота, 27 јули 2024

Јапонија испрати протест до Русија поради санкционирањето на 13 јапонски бизнисмени

Јапонија испрати протест до Русија поради санкционирањето на 13 јапонски бизнисмени

Токио, 24 јули 2024 (МИА) - Јапонија упати протест до Русија, откако Москва воведе санкции и го ограничи влезот на 13 јапонски бизнисмени, меѓу кои и претседателот на компанијата „Тојота мотор“.

-Одлуката што ја објави Русија ќе ги ограничи легитимните јапонски корпоративни активности и тоа е целосно неприфатливо, изјави јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши на прес-конференција во Токио.

Руското Министерство за надворешни работи синоќа објави список со 13 јапонски државјани, нагласувајќи дека Москва трајно ќе им забрани влез во државата.

На листата се основачот на групацијата „Ракутен“, Хироши Микитани, претседателот на компанијата „Тојобо ко“, Икуо Такеучи и претседателот на „Тораи индустрис“, Мицуо Оја.

Од март 2022 година, Јапонија воведе санкции против 1.070 руски граѓани, вклучително и 331 од Крим, и санкции против 847 компании и организации во форма на замрзнување на имот и забрани за извоз поради руската воена операција во Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан