• петок, 27 декември 2024

Јапонија в четврток ќе почне со испуштање вода од нуклеарната централа Фукушима

Јапонија в четврток ќе почне со испуштање вода од нуклеарната централа Фукушима

Токио, 22 август 2023 (МИА) - Испуштањето вода во Тихиот Океан од оштетената нуклеарна централа Фукушима ќе започне в четврток, доколку временските услови дозволат, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Јапонскиот план за испуштање вода од нуклеарната централа беше одобрен на почетокот на јули од Меѓународната агенција за атомска енергија.

Сепак, таа операција, што се очекува да трае со децении, предизвика сериозна загриженост и критики, особено од Кина.

Токио планира да испушти повеќе од 1,3 милиони тони вода во Тихиот Океан од нуклеарната централа Фукушима, што беше оштетена по цунамито во март 2011 година, кое го опустоши североисточниот брег на Јапонија.

Водата во нуклеарната централа била подложена на третман за да се прочисти од радиоактивни материи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан