• среда, 25 декември 2024

Јапонец во деветтата деценија го преплови Тихи Океан

Јапонец во деветтата деценија го преплови Тихи Океан
Токио, 4 јуни 2022 (МИА) - Јапонецот Кеничи Хори е најстариот човек кој сам со непрекината пловидба го помина Пацификот. На 83-годишниот Хори му беа потребни 69 дена за пловидба по Тихи Океан. - Само што ја поминав целта. Уморен сум, напиша денеска Хори на својот блог по пристигнувањето во Јапонија. Тој вплови во теснецот Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето транспацифичко патување за 69 дена. На патувањето тргна во март годинава кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско. Хори во 1962 година стана првиот човек во светот кој сам успешно го заврши непрекинато пловење низ Пацификот, од Јапонија до Сан Франциско. Шеесет години подоцна, со својата едрилица тој ја помина истата рута во спротивна насока. Хори има голем број пловидби на долги релации, вклучително и пловење околу светот во 1974 година.

Остани поврзан