• вторник, 12 ноември 2024

Јанша со поддршка за членството на Украина во ЕУ

Јанша со поддршка за членството на Украина во ЕУ
Љубљана, 28 февруари 2022 (МИА) – Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска изрази целосна поддршка за забрзана процедура за членство на Украина во Европска Унија за Украина. - Ја имате нашата целосна поддршка, напиша на Твитер Јанша, кој заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела го повикаа Европскиот совет да преземе „брзи и храбри одлуки“ за прием на Украина во ЕУ. И чешкиот премиер Петр Фиала истакна дека е неопходно да и се даде на Украина јасен сигнал дека е добредојдена во европската заедница на демократски земји. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара итен прием на неговата земја во ЕУ. ми/

Остани поврзан