• сабота, 23 ноември 2024

Јанша по налог на судот ќе мора да и се извини на опозициската СД

Јанша по налог на судот ќе мора да и се извини на опозициската СД
Љубљана, 27 октомври 2021 (МИА) - Премиерот на Словенија, Јанез Јанша согласно првостепена пресуда мора да се извини на Социјалдемократите (СД) и да плати отштета од 10.000 евра поради неговата изјава дека седиштето на СД е во „украдена еврејска вила“. Според пресудата Јанша мора на Твитер да и се извини на опозициската партија и да наведе дека седиштето на СД не е уракдено туку законски стекнат имот. Јанша има право на жалба на пресудата. СД наведе дека отштетата од Јанша ќе ја донираат за хуманитарни цели. Седиштето на СД се наоѓа во Љубљана во куќа која пред Втората светска војна била во сопственост на еврејското семејство Москович, а поголемиот број членови во 1944 година одведени се во Аушвиц, каде се убиени. По војната куќата е одземена, а подоцна им е доделена на наследниците, кои ја продале. ми/  

Остани поврзан