• вторник, 12 ноември 2024

Јанша во посета на Украина за поддршка на суверенитетот на земјата во меѓународно признатите граници

Јанша во посета на Украина за поддршка на суверенитетот на земјата во меѓународно признатите граници

Љубљана, 23 февруари 2022 (МИА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посети Украина в четврток и петок, потврдија денеска од неговиот кабинет, нагласувајќи дека премиерот сака да ја изрази словенечката поддршка за европската перспектива на Украина и да ја потврди нејзината посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет.

За време на „работната посета“, Јанша ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, а ќе разговара и со претседателот Володимир Зеленски.

Целта на посетата е „да се изрази поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Украина и да се потврди посветеноста на Словенија на територијалниот интегритет и политиката на суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во соопштението.

Се додава дека посетата ќе биде и можност за продлабочување на билатералните односи меѓу Словенија и Украина. паг/

Остани поврзан