• среда, 25 декември 2024

Јанчев: Се расчистува во фабриката што ја зафати пожар во Кавадарци 

Јанчев: Се расчистува во фабриката што ја зафати пожар во Кавадарци 

Кавадарци, 24 август 2024 (МИА) - Се расчистува во фабриката што ја зафати пожар во Кавадарци, соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на фејсбук.  

- Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником, во која изби сериозен пожар со кој службите се бореа цела ноќ. На терен работат ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и општествено одговорните фирми АС Машини, Градба Промет, Кожувчанка, сопствениците на фабриката и секако градоначалникот Митко Јанчев. Кавадарчани сплотени, како и секогаш, напиша Јанчев. 

Вчера од ЦУК соопштија дека ноќта во четврток кон петок, избувнал пожар на објект - Ником ДОО Кавадарци, фабрика за дрвена амбалажа. Пожарот бил локализиран.                                                           

- Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета, информираа од ЦУК. свд/цр


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан