Јанчев : Ново осветлување на патеката Михајлово
- Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’ одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на патека Михајлово во должина од 2.000 метри, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
Кавадарци, 5 јануари 2025 (МИА) - Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’ одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на патека Михајлово во должина од 2.000 метри, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
- Во моментов поставени се 68 декоративни столбови со висина од шест метри и два столба од 10 метри, на кои се поставени 68 лед светилки од 40 W и 2 лед светилки од 100 W. Исто така, ќе се постави и систем за управување на осветлувањето, со можност за мониторинг и контрола преку централизираниот систем на управување со уличното осветлување, соопшти Јанчев.
Тој додаде дека активностите се дел од тендерот од 65 милиони денари. свд/вг/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев