• сабота, 27 јули 2024

Јанчев: Ни треба поддршка од воздух за пожарот кај Шивец 

Јанчев: Ни треба поддршка од воздух за пожарот кај Шивец 

Кавадарци, 17 јули 2024 (МИА) - Гори шума, ни треба поддршка од воздух за пожарот кај Шивец, рече за МИА кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, откако директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информираше дека денеска избувна нов пожар кај селото. Ангелов изрази надеж дека ќе сторат се што е неопходно за да се спротивстават на пожарот, но теренот бил исклучително тежок. 

Синоќа, Штабот за заштита и спасување на Кавадарци одржа координативен состанок за заштита од пожари. 

Засилени патроли во планинските предели, поголема превенција од ТППЕ Кавадарци, сите вработени да бидат мобилизирани и во овој критичен период да не се користат годишни одмори, се само дел од заклучоците што ги донесе Штабот. 

Моментно има пожари во трите општини од Тиквешкиот регион. Кавадарци, Неготино и Росоман. Пожарот во неготинско избувна минатата среда околу 10.30 часот. Денеска освен кај Шивец, гори и во росоманско Сирково. свд/мч/

фото: МИ архива

Остани поврзан