• среда, 25 декември 2024

Јанчев: Интензивно се работи на изградба на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост

Јанчев: Интензивно се работи на изградба на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост

Кавадарци, 12 декември 2024 (МИА) - Интензивно се работи на изградбата на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, што ќе располага со капацитет од 40 корисници, се наведува во денешната објава на страницата на „Фејсбук“ на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари. За да им овозможиме подобар квалитет на живот на лицата со попреченост, се истакнува во објавата на „Фејсбук“.

Како што се појаснува, станува збор за проект што беше дел од изборната програма на градоначалникот Јанчев. свд/са/

Фото: „Фејсбук“ страница на Митко Јанчев

Остани поврзан