• среда, 25 декември 2024

Јанчев: Интензивно се гради затворениот базен во Кавадарци 

Јанчев: Интензивно се гради затворениот базен во Кавадарци 

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Продолжува интензивната изградба на затворениот базен во Кавадарци, што е на локација на поранешната дискотека  ЛаЛуна, во градскиот парк,  информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев, на неговата фејсбук страница. 

- Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани, напиша Јанчев. 

Како што веќе информираше МИА, станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари. 

- Проектот е  финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место, појаснија тогаш од Локална самоуправа Кавадарци.  свд/цр


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан