• вторник, 24 декември 2024

Јанчева: Советниците на СДСМ ќе ги гласаат одлуките за клучните проекти за Скопје

Јанчева: Советниците на СДСМ ќе ги гласаат одлуките за клучните проекти за Скопје

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева пред почнувањето на седницата на Советот во изјава за медиумите порача до советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекинат блокадата на Советот и да ги гласаат клучните проекти за Скопје.

-Наместо да носат одлуки и да работат  за доброто на скопјани, оние кои го уништија Скопје веќе подолг период меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани, кој е крив за хаосот што тие го направија. Тоа денеска треба да заврши. Ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту пак Арсовска не можат да побегнат од одговорноста за хаосот што го направија во Скопје. Советничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на Советот очекува препукувањата за тоа кој е крив да завршат конечно и колку толку во периодот што следи, до крајот на мандатот, да направат нешто за Скопје и скопјани. Затоа впрочем и беше средбата на Арсовска со Мицкоски. Од  ВМРО ДПМНЕ како мнозинство и од Арсовска очекуваме конечно да се усогласат, да се договорат и да ги поддржат проектите и програмите кои се во интерес на скопјани, рече Јанчева.

Таа очекува советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат Одлуката за потреба од набавка на нови еколошки автобуси, за бесплатниот јавен превоз, за проектот за модерен, еколошки транспорт БРТ и да ги изгласаат програмите кои се неопходни за да функционира Град Скопје.

-Да ја поддржат: Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена; Програмата за заштита на животната средина, Програмата за активности од областа на  сообраќајот; Развојниот план за јавен превоз на патници во Град Скопје; Програмата за локален економски развој; Програмата за заштита на Парк на природата Гази Баба; Програмата за заштита на природата за Заштитен предел Водно; Програмата за енергетска ефикасност... И сите измени и дополни на Програмите кои произлегуваат од Ребалансот на буџетот кој е изгласан. Заглавени се бројни и значајни проекти. Скопје е во тотален хаос, скопјани тоа не го заслужуваат. Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета и мора да прекинат. Скопје се дави во смет, нечисто е, секојдневно никнуваат нови депонии...нема траг од исчистените 82 во првите 82 дена... нема ново зеленило, нема нови велосипедски патеки, нема нови булевари... нема ништо од ветеното во програмата „За модерно Скопје", рече советничката на СДСМ.

Јанчева истакна дека советничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде конструктивнанопозиција во Советот и ќе ги поддржат овие одлуки.

Советот на Град Скопје денеска одржува седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. 

Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот. фф/aa/

Фото: СДСМ

Остани поврзан