• петок, 27 декември 2024

Јанчева: Една година градска и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е една година на хаос

Јанчева: Една година градска и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е една година на хаос
Скопје, 9 ноември 2022  Една  година градска и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е една година на хаос, неработење, партизација кавги за тендери и расипничко трошење на парите на граѓаните. Хаосот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во Советот на Град Скопје, на штета на граѓаните, на штета на Град Скопје. Вчерашната седница ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ја претворија во циркус, наместо таа да биде посветена на советнички прашања. Наместо поставување прашања и одговори, граѓаните вчера беа сведоци на кавги и лични навреди меѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески. Вчера, советниците немаа можност за дискусија а граѓаните не добија одговори за тоа што ги интересира. Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска поважни им се микрофонот и копчето за исклучување на микрофонот од развојот на Скопје и интересите на скопјани. Додека тие се расправаат за микрофони, но и за тендер од 136 милиони евра, за провизии и влијанија, се случи Скопје прв пат во историјата да остане без јавен превоз. Нема бесплатен јавен превоз, нема ниту еколошки автобуси. Наместо паркови никнуваат депонии. Стои реконструкцијата на Универзалната сала, готов проект оставен од претходната локална власт на СДСМ, исто како што стојат и мостовите, клучките и започнатите улици. Градскат власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска го уназадија Град Скопје, не реализираа ниту едно ветување. Катастрофата и хаосот предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ им прави штета на скопјани, кои очекуваат решенија за проблемите и реализација на ветените проекти.   Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан