• среда, 25 декември 2024

Јанев: Привремената Влада го заштити националниот интерес во однос на позицијата за Северна Македонија

Јанев: Привремената Влада го заштити националниот интерес во однос на позицијата за Северна Македонија
Софија, 15 септември 2021 (МИА) - Привремениот владин кабинет успеа да го заштити националниот интерес на Бугарија во надворешната политика, особено во однос на бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа го оцени на прес-конференција за активностите на Владата техничкиот премиер Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија. Според Јанев, Бугарија демонстрирала дијалог и направила се што е потребно. -Софија ја аргументираше својата позиција пред своите европски партнери, така што овој тип на однесување се базира на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за заедничкото европско семејство. Бугарската Влада достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија, рече Јанев. Тој додаде дека во наредните месеци следната влада ќе има слично однесување.нк/лв/

Остани поврзан