• недела, 28 јули 2024

Јанев: Плановите за Зелениот договор во Европа ги надминуваат можностите на Бугарија

Јанев: Плановите за Зелениот договор во Европа ги надминуваат можностите на Бугарија
Софија, 15 октомври 2021 (МИА) - Поставените планови на Зелениот договор во Европа ги надминуваат можностите на Бугарија, предупреди преодниот премиер Стефан Јанев на енергетскиот форум во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев посочи дека Националниот план за обновување и одржливост ги поставува основите за зелената и дигитална трансформација на економијата, но транзицијата мора да биде постепена за луѓето и регионите. Потпретседателот на Европска комисија за „Европскиот зелен пакт“, Франс Тимерманс истакна дека Бугарија се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор, но никој нема да биде заборавен и напуштен. - Европа во својот концепт на зелена транзиција поставува многу високи цели, ова ниво на амбиција ги надминува можностите и капацитетите на Бугарија, истакна Јанев. Но, тој додаде дека Бугарија ќе го следи патот на трансформација на нејзината економија, а Планот за закрепнување и одржливост е првиот чекор во оваа насока. Јанев наведе дека рокот за затворање на електроцентралите на јаглен во Бугарија е од 2038 до 2040 година, поради грижата за регионите и за вработените во тој сектор. Тимерманс наведе дека има 30 региони за јаглен во Европа кои знаат дека нивната долгорочна иднина не може да се поврзе со ископ на јаглен и дека луѓето што работат во тие региони треба да бидат обучени и преквалификувани. нк/ми/

Остани поврзан