• недела, 28 јули 2024

Јанев најави смена на двајца началници на специјалните служби поради скандалот со прислушување

Јанев најави смена на двајца началници на специјалните служби поради скандалот со прислушување
Софија, 22 мај 2021 (МИА) - Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев синоќа изјави дека бара начин за смена на двајцата началници на специјалните служби по скандалот со прислушуваните опозициски политичари, јави дописникот на МИА од Софија. - Постои постапка, но ќе се побара опција за нивно отстранување и ставање на ново раководство и започнување на овие служби да работат во интерес на граѓаните, во интерес на државата, а не во туѓи интереси, какви и да се, посочи Јанев. Партијата Демократска Бугарија објави дека 32 политичари, вклучително и носители на листи на изборите на 4 април, биле прислушувани и следени. Обвинителството на градот Софија вчера нареди да се спроведе истрага поради наводите за прислушување на политичари. нк/ми/

Остани поврзан