• недела, 28 јули 2024

Јанев избори финале на меѓународниот турнир на тенискиот клуб Југ

Јанев избори финале на меѓународниот турнир на тенискиот клуб Југ

Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Четиринаесетгодишниот македонски тенисер Кристијан Јанев на Европскиот тениски турнир за негова возраст што минатата недела се одржа во ТК Југ во Скопје направи голем успех пласирајќи се во финалето.

Во конкуренција на над 60 тенисери од цела Европа, македонскиот јуниор избори финале кое по голема борба го загуби од Словачкиот тенисер Леон Слобе.

На патот до финалето Јанев извојува победи против тенисери од Бугарија, Велика Британија, Грција и Македонија, што е голем успех за овој наш јуниор и воопшто за јуниорскиот тенис.

- Тенисот станува популарен спорт во земјава, се повеќе деца го играат и тоа резултира. Ние како Тениска федерација ќе ги поддржиме сите кои имаат талент и потенцијал и кои ја претставуваат нашата земја во најдобро светло, изјави државниот тренер на Тениската федерација на Северна Македонија, Горан Шевченко. зс/

Остани поврзан