• недела, 28 јули 2024

Јанев загрижен поради слабиот одѕив на гласачите, ги повика Бугарите да гласаат во вториот круг од претседателските избори

Јанев загрижен поради слабиот одѕив на гласачите, ги повика Бугарите да гласаат во вториот круг од претседателските избори
Софија, 17 ноември 2021 (МИА) - Преодната влада на Бугарија направи се за да ги организира изборите и да ги спречи грдите појави на купување гласови и групно гласање, изјави премиерот Стефан Јанев на почетокот на владината седница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев наведе дека бугарските граѓани имале можност да гласаат слободно, чесно и отворено на парламентарните избори во земјата. Тој додаде дека тоа го покажува и оценката странските набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кои дале позитивна оценка за напорите на Министерството за внатрешни работи на Бугарија за справување со проблемот со купување гласови. Но, Јанев изрази загриженост за релативно слабата излезност на парламентарните избори на 14 ноември. Тој уште еднаш ги повика бугарските граѓани за кандидатот за кој веруваат дека најуспешно и најдобро ќе ги консолидира овластувањата на претседателската институција запишани во Уставот на Бугарија. Централната изборна комисија на Бугарија денеска соопшти дека излезноста на 14 ноември на предвремените парламентарни избори и во првиот круг од претседателските избори била 40 проценти. Вториот круг од претседателските избори во Бугарија ќе се одржи на 21 ноември. нк/ми/

Остани поврзан