• вторник, 12 ноември 2024

Јаневски на средба со лозарите : Вие нас ни требате, ние вас ви требаме

Јаневски на средба со лозарите : Вие нас ни требате, ние вас ви требаме

Кавадарци, 9 мај 2024 (МИА) - Вие нас ни требате, ние вас ви требаме. Во нас имате искрени пријатели и ние со вас ги споделуваме сите информации, околу тоа како да дојдете до производство на подобро грозје.  Единствена цел ние е да направиме што подобро грозје, подобро вино што ќе се продаде подобро. Со цел, да биде подобро за двете страни. 

Ова им го кажа денеска Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на винарската визба ,,Тиквеш" на лозарите со кои имаше средба. 

-Целта е да бидеме што е можно подобар вински регион во светот. Тоа е патот по кој одиме. Министерството за земјоделство прв пат прифати една сугестија што со вас лозарите ја разговараме веќе петта година. Да се произведува стандардно грозје и високо квалитетно вино. Тоа значи дека ние ќе продаваме подобро, ќе ви плаќаме  подобро, со цел да биде добро за двете страни. Тие што произведуваат стандардно квалитетно грозје, да бидат наградувани, како што и ние правиме наградување на квалитетот,  согласно на нашите програми, подвлече тој. 

Јаневски потсети дека Тиквешијата отсекогаш била лозаровинарски крај и дека како најголем регион за лозарство и винарство, е значаен за економијата. Тој посака плодна година и многу успех за лозарите и винарите. Посака квалитет наместо квантитет. 

Александра Ристова, раководител во Оддел за лозови насади при винарницата,  потсети дека веќе започнало потпишувањето на договори за соработка помеѓу винарницата и лозарите, за оваа производствена сезона. 

- Мило ми е што се зголемува бројката  на лозари наши соработници. Многу е важно дека само со стандардизирано производство, може да бидеме конкурентни на светските пазари. Со тоа резултатот ќе биде долгорочен, во интерес на двете страни. Постојано сме присутни на терен во сите лозарски региони и постојано сме во комуникација со вас лозарите. За сите прашања стоиме на располагање, со цел подобро грозје и вино, нагласи таа. 

Експерти од Италија, одржаа презентација пред лозарите, на тема заштита во лозарството, со цел добивање подобро грозје и подобро вино.  

На средбата со лозарите, организирана од винаријата, беше кажано дека многу е важно зајакнувањето на соработката, преку едукација и споделувања на знаења, тегхники и иновации. свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан