• четврток, 19 декември 2024

Јаневски: На пролет ќе се реактивира директната автобуска линија од Ресен до Корча

Јаневски: На пролет ќе се реактивира директната автобуска линија од Ресен до Корча

Битола, 28 октомври 2022 (МИА)На пролет во 2023 година повторно ќе биде активирана директната автобуска линија од Ресен до Корча, изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. 

За време на денешниот престој во Битола, Јаневски посочи дека со проектот „Отворен Балкан“ се очекува наскоро да бидат регистрирани 30 милиони ноќевања во државите на „Отворен Балкан“.

-Од туристичка гледна точка јас не препознавам граници, туку гледам на поврзување две дестинации и затоа на пролет ќе биде реактивирана автобуската линија Ресен - Корча.Тоа е основната потреба во туризмот, луѓето да патуваат побрзо од едно место до друго. Не е логично два града меѓу себе оддалечени 30-на километри да немаат меѓусебно поврзување со редовна автобуска линија која би функционирала два до три пати неделно. Сакам што повеќе битолчани и ресенчани да ја посетат Корча, и што повеќе туристи од Корча, Пустец и останатите населени места да дојдат и да ги посетат Ресен и Битола, изјави Јаневски.

Првиот човек на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот посочи дека очекува државите од „Отворен Балкан“ наскоро да остварат 30 милиони ноќевања.

- „Отворен Балкан“ има извонредни можности за 12 милиони туристи и затоа треба директно да придонесуваме за инфраструтурно поврзување, инвестирање во туристичката индустрија и за кусо време да регистрираме 30 милиони ноќевања во рамки на „Отворен Балкан“, нагласи Јаневски на брифинг со новинарите во Битола. мт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан