• четврток, 19 декември 2024

Јаневски: Наместо партиски билборди ѕидовите на зградите во Ѓорче Петров да бидат со модерни мурали од познати уметници од општината

Јаневски: Наместо партиски билборди ѕидовите на зградите во Ѓорче Петров да бидат со модерни мурали од познати уметници од општината
Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Доколку сакаме да присуствуваме на културни настани и уживаме во уметничките дела на повеќе локации тоа не можеме да го направиме во општината Ѓорче Петров. Културно уметничкиот живот на ѓорчепетровци, како и многу други потреби започнуваат од Влае, а на ова поле последните две декади буквално ништо не е направено, истакна денеска кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од граѓанското движење „Одлучно за промени“, Љупчо Јаневски. Нашата општина, посочи, нема да заостанува во развојот на културата, уметноста, театарот и дополнителните содржини кои во најмала рака можат да се организираат на отворено. - Со создавање на совет од видни уметници и работници во културата кои заеднички со општината ќе учествуваат во креирање на годишната програма и организација на уметнички колoнии на отворени во градските паркови во Ѓорче и останати манифестации кои ќе имаат државен и регионален карактер, рече Јаневски. Потенцира дека во дел од неговата програма за Ѓорче Петров се предвидува: подигање неколку мурали на станбените згради како обележје на општината, организирање ликовни колонии низ парковите, кино на отворено и театарски престави во повеќе населени места на општината, отворање  постојана музејска поставка за историјата на општината, создавање општински весник и интернет портал кои ќе третира општински теми, реновирање на матичната служба, нова библиотека со стручна литература од повеќе области и читална за потребите на академската јавност, музеј на железничарите, бесплатни простории за проби на бендови, активна работа со сите здруженија и поединци од полето на културата и создавање на секции кои ќе започнат со работа во училиштата, ѓорчепетровски поетски читања - затворено кино, нов заеднички простор (coworking space) за фриленсери. - Просторот кој во моментов се користи за политички реклами на зидовите на зградите во Ѓорче со уметнички мурали на локални уметници финансирани од општината. Развојот на културата и настаните ќе овозможи Ѓорче да биде посакувана дестинација на скопјани и други и друга публика која ќе ужива во новите и оплеменети простори на младите уметници, додаде Јаневски. рп/ац/

Остани поврзан