• четврток, 26 декември 2024

Јаневска - Улман: Успешните практики од средното стручно образование може да се пренесат и во високото

Јаневска - Улман: Успешните практики од средното стручно образование може да се пренесат и во високото

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Швајцарија ја продолжува успешната соработка со Министерството за образование и наука насочена кон создавање квалитетен воспитно-образовен систем. Ги интензивираме заедничките активности за натамошно јакнење на стручното образование и проширување на учењето преку пракса во високото образование - ова било заклучено на средбата на министерката за образование и наука Весна Јаневска со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.

Јаневска се заблагодарила за поддршката, особено за активностите во рамки на швајцарскиот проект „Образование за вработување“(Е4Е@мк) кој, како што наведува МОН,  „во континуитет продуцира квалитетен кадар во средното образование, подготвен за брзо вклучување во работата на компаниите и истовремено способни за успешно продолжување кон факултетско образование“.

-Амбасадорката Улман и министерката Јаневска се согласија дека позитивните искуства од средното стручно образование можат да се пренесат и на повисокото ниво на образование, со што ќе се овозможи поголемо приближување на студиските програми до реалниот сектор. Министерката Јаневска информираше и за другите промени во системот на образование кои имаат приоритет, насочени кон наставните планови и програми, регулативата за средното и високото образование, како и ориентацијата кон зацврстување на научната работа на академскиот кадар, информира МОН. хс/нд/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан